Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Ни до средината на јуни ништо од летото – Метеоролозите ги соопштија најновите прогнози за следните денови

До недела продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, претпладне со почести сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град.

Во понеделник ќе дува засилен северен ветер. Температурата во следните денови нема значително да се менува.

Прогноза за 12.06.2021
Минимална температура: 8°C до 16°C
Максимална температура: 21°C до 30°C
Променливо облачно и нестабилно, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места се можни поинтензивни процеси со пообилен дожд за кратко време и појава на град. УВ=7

Прогноза за 13.06.2021
Минимална температура: 8°C до 15°C
Максимална температура: 22°C до 31°C
Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и кон крај на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=7

Прогноза за 14.06.2021
Минимална температура: 7°C до 17°C
Максимална температура: 21°C до 30°C
Променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд и појава на грмежи во попладневните часови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. УВ=8

Можеби ќе ве интересира

Меморандум на МОН и ИНОФЕИТ за соработка во унапредувањето на дигиталните вештини на наставниците, со фокус на вештачката интелигенција

ДЕСК

Полицијата тргна во акција – апсења на повеќе локации низ Републиката

ДЕСК

Хорор во Гази Баба: Му се претставил како полицаец додека бил во возилото, а потоа следувало најлошото

ДЕСК