Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈАМЕТЕОТЕМА

Временска прогноза за оваа недела: Искористете го сонцето – следува драстична промена

И утре времето ќе се задржи стабилно со дополнителен пораст на дневната температура. Од вторник ќе има зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи. Од среда ќе дува и умерен до засилен северозападен ветер, што ќе услови повторно намалување на температурата.

Прогноза за 13.04.2021
Минимална температура: 4°C до 9°C
Максимална температура: 15°C до 21°C
Умерено облачно. Повремено облачноста ќе се зголемува и ќе има локални врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 14.04.2021
Минимална температура: 4°C до 8°C
Максимална температура: 11°C до 18°C
Умерено до значително облачно со локални врнежи од дожд, на места поројни. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието.

Прогноза за 15.04.2021
Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: 8°C до 15°C
Умерено до значително облачно, претежно во западните делови со локални врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието.

Можеби ќе ве интересира

СТУДОТ ПРИСТИГНУВА ВО МАКЕДОНИЈА – Од викендот температурите ќе се спуштат под нулата

ДЕСК

Министерството за здравство апелира: Проверете го вакциналниот статус – МРП вакцината е најсигурна заштита од мали сипаници

ДЕСК

Клековски: Од проценка кон национален план за квалитет со јасни одговорности, мерливи резултати и реални рокови

ДЕСК