10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Васев: Дали причина за обид за саботажа на акцијата се контактите на Мицкоски со еден од уапсените?

– Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ стојат цврсто на браникот на криминалот рече во Изјава за медиуми, Стефан Васев од СДСМ

– Затоа за нив е несфатливо тоа што денес законите важат за сите подеднакво и дека нема заштитени поедници кои се над правдата.

Пред неколку денови, Министерство за внатрешни работи јавно соопшти дека еден од приведените во полициската акција „Двојник“ имал контакти и бил во тесна врска токму со бранителот на криминалот Мицкоски.

Мицкоски до ден денеска не одговори, дали имал таква соработка и кој е тој човек?

Дали таквите контакти се причината поради која Мицкоски се обидуваше да ја загрози и саботира сложена полициска операција, јавно изнесувајќи детали додека акцијата траеше?

Одговор на ова треба да даде независна, професионална истрага од надлежни инситуции.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ упорно не учат од лекциите и поразите.

Ним треба да им стане јасно дека заврши времето на недопирливи, нема компромис со криминалот, дека секој што прекршил закон се соочува со одговорност, рече Васев.

Спонзорирано: