15. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Утре и во сабота топло време, од недела голема промена во прогнозата

Продолжува периодот на стабилно време со утринска магла по одделни котлини. До сабота ќе се задржи натпросечно топло, а од недела ќе има позначителен пад, особено на дневната температура. Од сабота попладне ќе започне да дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец, а ќе има и повремено зголемување на облачноста.

Прогноза за 27.02.2021
Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: 14°C до 23°C
Претпладне сончево и топло, во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност. Попладне ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец што ќе предизвика опаѓање на температурата. Кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста.

Прогноза за 28.02.2021
Минимална температура: -3°C до 5°C
Максимална температура: 8°C до 16°C
Претплaдне со умерена облачност, преку денот сончево и посвежо. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Прогноза за 01.03.2021
Минимална температура: -5°C до 3°C
Максимална температура: 7°C до 13°C
Променливо облачно со сончеви периоди и свежо. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено изразен вдолж Повардарието.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Гостивар: Национализмот на ДПМНЕ му служи за прикривање на нивната неспособност

ДЕСК

Левица: Уставен суд не бил надлежен за уставноста – Левица оди во Стразбур за цензурата!

ДЕСК

Премиерот Мицкоски оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.