По развод или по прекин на врската тешко е човек повторно да се отвори и да бара нова љубов.
Секој има поинакво темпо на опоравување и не треба да се брзате доколку не сте во потполност спремни.
1. Сеуште не сте ги предале документите за развој
Иако вашиот брак е готов, а вие сеуште не сте ги предале документите за развод. Тоа значи дека не сте баш најспремни да почнете да излегувате и да го барате вашиот нов партнер а не сте раскрстиле со стариот.
2. Сеуште се чувствувате како во брак
Зборувате за вашиот бивш партнер како да сте сеуште во брак со него? Сеуште го споменувате и имате чувство дека го изневерувате додека сте на состанок? Тоа се јасни знаци дека не сте спремни да влезете во нова врска.
3. Ни година дена не е доволна
Ни година дена по разводот не сте спремни да запознаете нов партнер. Повредени чувства, лутина и пад на самопочитувањето можат само да ви одмогнат кога барате потенцијален партнер и да се врзете со некој погрешен.
4.Генерализацијата е знак дека не сте преболеле
Генерализацијата дека сите мажи и жени се исти е знак дека не сте го преболеле прекинот на врската. Се додека не сватите дека не се сите исти како вашиот партнер кој ве повредил немојте да се впуштате во нова врска.