16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Сообраќајот во земјата се одвива непречено, но возачите да внимаваат на влажните коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Од таму ги потсетуваат возачите дека од 15. ноември 2020 важи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

Оваа обврска ќе трае до 15. март годинава.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Спонзорирано: