Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Вељаноски, Јанакиески и Ристески не се организатори на настаните од 27 април

Сметам дека обвинетите Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески и Спиро Ристески не се организатори и мотиватори на настаните од 27 април, туку дека тоа е Никола Груевски, изајви премиерот Зоран Заев на денешното рочиште за организаторите на „27 април“.

Тој додаде дека овие луѓе се изнамипулирани од страна на Груевски и дека не е коректно за правниот систем да се води ваква постапка.

Премерот беше повикан да сведочи по барање на обвинетиот Трајко Вељановски.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Невработеноста е на историски најниско ниво, под пет проценти

C +

Мицкоски ги повика Македонците да летуваат дома, за надминување на метежот со Грција има разговори во ЕУ

C +

Уапсени 11 возачи за безобѕирно возење, седуммина немале дозвола

C +