Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ со протести во седум градови под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“

ВМРО-ДПМНЕ денеска од 18 часот ги повикува граѓаните, на како што велат од опозициската партија, протести за одбрана на националните интереси под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“.

Протести ќе се одржат во Куманово, Тетово, Велес, Кавадарци, Прилеп, Охрид и Битола.

„Време е граѓаните на Република Македонија да се обединат и да се стави крај на лудоста на Зоран Заев, човекот кој што сака да ги продаде националните интереси. Заев не може да испорача ништо добро за својата држава и мора да си оди. Оставка веднаш“, велат од ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека само така македонските граѓани ќе живеат подобро.

Можеби ќе ве интересира

ВЕЧЕРВА ПАДНА ГОЛЕМО АПСЕЊЕ: Познат директор фатен со 50.000 евра мито

ДЕСК

Стрелките на часовникот одат еден час нанапред – Подгответе се за летно сметање на времето

ДЕСК

Синоптичарите објавија 4 дневна прогноза – Каков продолжен викенд да очекуваме?

ДЕСК