Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Група тинејџери од Делчево фалсификувале пари

Жителка на Пехчево на 25 ноември во полиција пријавила случај на фалсификување на пари.

Како што информираат од МВР, станува збор за продавачка која пријавила дека во продавницата влегол купувач кој побарал една кутија цигари, но бидејќи немал денари, платил со банкнота од 50 евра.

Подоцна жената се посомневала дека банкнотата е фалсификат и случајот го пријавила во полициска станица.

По преземни мерки, полицијата дошла до сознание дека можен сторител е 17-годишен малолетник од Делчево, а биле инволвирани и други лица.

Ден подоцна полициски службеници извршиле претрес на три локации во Делчево и разговор со четири лица.

Претрес бил извршен кај 19-годишниот С.М. и во домови на двајца малолетници од Делчево на возраст од 17 и 16 години.

При извршените претреси одземени се лаптоп, три мобилни телефони и испечатани разни банкноти. Потоа во полициска станица извршен бил разговор со уште еден малолетник (16) од Делчево.

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство.

Можеби ќе ве интересира

ИЗЛЕЗНОСТА ВО БРВЕНИЦА РАСТЕ – До 13 часот гласале 4.518 граѓани, ДИК со нови податоци

ДЕСК

Расчистено вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена кривична пријава по брза постапка

ДЕСК

ОБИЛНИ ДОЖДОВИ ЈА ЗАФАЌААТ МАКЕДОНИЈА – Локално се очекуваат над 25 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК