Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

„Недела ќе биде неработен ден“ – Владата ги подготви предлог законските измени

Министерството за труд и социјална политика до сите министерства го достави изготвениот план околу владината одлука – недела да биде неработен ден за сите граѓани. Министерката Јагода Шахпаска, вели дека ги очекува нивните мислења и сугестии.

Според неа, тие ќе имаат рок од седум дена да ги подготват нивните мислења и да ги достават во Влада на усвојување.

Сепак, мора да се обезбеди непречено функционирање на витално важните функции на државата, тоа значи 24-часовна покриеност на оние дејности кои им се неопходни на државата како: здравство, полиција, противпожарните служби, комуналните служби кои се под ингеренции на општините и останати.

Инаку, иницијативата недела – неработен ден, која треба да биде преточена во законско решение е со цел недела да биде ден за семејството, во насока на негување на традиционалните вредности.

Можеби ќе ве интересира

До недела променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд

C +

СДСМ: Мицкоски ја урна последната линија на одбрана на демократските избори

C +

СДСМ: ВМРО-ОКГ сега сама ќе внесе Бугари во Уставот – по целата кампања во која нè нарекуваше „предавници“!

C +