Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

ВРЕМЕТО ЌЕ ИЗНЕНАДИ: Од сонце и топлина до пороен дожд и грмежи

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено засилен северозападен ветер (над 40 km/h). Во недела и понеделник во попладневните часови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вторник и среда времето ќе биде променливо облачно со сончеви интервали и релативно стабилно, а од четврток повторно се очекуваат врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.

Прогноза за 31.05.2026
Минимална температура: 7°C до 17°C
Максимална температура: 23°C до 32°C

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Прогноза за 01.06.2026
Минимална температура: 8°C до 18°C
Максимална температура: 24°C до 33°C

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Прогноза за 02.06.2026
Минимална температура: 10°C до 18°C
Максимална температура: 25°C до 34°C

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) СНЕГ ТРУПА НА ЃАВАТО – Хаос на дел од патиштата во Македонија

ДЕСК

(ВИДЕО) СНЕГОТ ПРЕДИЗВИКА ХАОС НА ПАТИШТАТА ВО ДЕЛ ОД МАКЕДОНИЈА – Превртено возило на Стража, забрани за камиони и отежнат сообраќај

ДЕСК

ДЕКЕМВРИ ПОЧНУВА СО ЛЕДЕН БРАН – Температурите во Македонија ќе се спуштат до минус 18 степени

ДЕСК