Centar.mk
фото Centar.mk
БИЗНИС

Зошто ЕСМ се жали ако направиле профит од 40 милиони евра и заштеда од 880 милиони евра?

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, вчера од собраниската говорница во одговор на пратеничко прашање порача дека случајот „Мазут“ се следи, но последниот збор секако ќе го има Обвинителството.

Мицкоски истакна дека нема да коментира за тоа да не се сфати како влијание во постапката и нагласи дека се остава на Обвинителството и судовите комплетно да се разреши случајот.

Професорот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, Гордан Калајџиев, во гостување во емисијата „Трилинг“ истакна дека  случајот е нејасен, а се поставува и прашањето за дефицијата за „перење на пари“, штетата е нејасна како и самата кривична пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи.

Според Калајџиев, тврдењата одат во крајности, а обвинувањата за за перење на пари се сосема произволни.

– Предметот е со очигледни политички импликации, при што притисокот и влијанието на власта е отворен и нескриен. Обвинетите се товарат за наводна злоупотреба на процедурите за јавни набавки во услови на енергетска криза. За волја на вистината и покрај секојдневното експонирање на случајот, воопшто не е јасно во што се состои криминалот и која е вистинската штета од истиот. Посебно е контроверзно што тврдењата се сосема различни и одат во крајности, од немање штета до милионски суми. Јавното обвинителство инаку веќе некое време оди по некоја чудна логика што кај јавните набавки како штета ја зема целокупната сума на јавната набавка (бизнисот), а не вистинската штета. На ова се додава и обвинение за перење пари, кое е сосема нејасно и произволно што во практиката создава нови контроверзии околу тоа што е воопшто перење на пари, објасни Калајџиев.

Професорот се прашува дали воопшто компанијата ЕСМ, која не пријавила штета, може да се жали до Вишото јавно обвинителство за одлуката на Основното јавно обвинителство.

Инаку прашањето на штетата и оштетеното побарување на ЕСМ се доста контроверзно прашање. Имено, наспроти тврдењето на МВР во кривичната пријава, дека ЕСМ претрпела загуба во износ од 167.000,000,00 евра, претставниците на оваа компанија сослушани во постапката пред јавниот обвинител во рамки на истражната постапка изјавиле дека штета нема! Овие околности се битни и за тоа дали компанијата воопшто може да се жали до повисокиот јавен обвинител, под услови дека штета не е предјавена. Со тоа компанијата правно го губи правото што го имала како потенцијален оштетен. Според нашиот правниот систем, постапката за штета што се води заедно со кривичната постапка, се води по правилата на граѓанската постапка, според која ако оштетениот се откаже од правото на имотно правно побарување, таа постапка се запира.

Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција во март 2025 година, по предистражна постапка иницирана од Антикорупциската комисија, започна истрага против 13 физички лица и едно правно лице поврзани со набавките на мазут за ТЕЦ Неготино.

Наспроти кривичната пријава на МВР, од каде наведуваат дека е предизвикана милионска штета, според официјалните извештаи на ЕСМ за периодот од 2021 до 2023 година (кој е под истрага) и во екот на енергетската криза, ТЕЦ „Неготино“ беше реактивирана по повеќегодишна пауза и оствари милионски профит. Во 2022 година, државната централа оствари историски рекорден профит (добивка) од приближно 2,25 милијарди денари или околу 36,5 милиони евра. Овој резултат се должеше на зголеменото производство на струја за потребите на регулираниот пазар.

Анализи на професори од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), со цените на берзите на електричната енергија во периодот кој е опфатен со истрагата, покажува дека доколку се правел увоз на електрична енергија тоа би чинело околу 880 милиони евра, наспроти набавката на мазутот која чини 167 милиони евра.

Финансиските извештаи, ревизорските наоди и деловните резултати на матичната компанија можат да се следат и проверат на официјалната веб-страница на Електрани на Северна Македонија, додека историските податоци од тргувањето се достапни на порталот на Македонска Берза.

Можеби ќе ве интересира

Документ што сите го забораваат пред одмор: Една проверка може да ве врати од граница

ДЕСК

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

ДЕСК

Работна средба на заменик-министерот Ристески со винариите од Здружението „Вина од Македонија“

ДЕСК