17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Мицкоски во екот на пандемијата прво организираше протести, сега бара полициски час

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во гостувањето во Дневникот на Сител рече дека е за воведување полициски час како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот.

-Денеска политиките на владата нѐ доведоа до бездна, или втора бездна. АКо воведеме полициски час тоа ќе се одрази негативно врз економијата, доколку нема полициски час, тогаш единственото нешто што ни останува е голем број на граѓани да ги загубат своите животи. Ако мене ме прашате – само здрави луѓе може да ја покренат економијата, рече Мицкоски, додавајќи дека потребно е да се спасат што е можно повеќе животи.

Опозицискиот лидер посочи дека се воведуваат парадаксални мерки, од една страна се воведува кризна состојба, а од друга страна се организираат предвремени локални избори во две општини.

Инаку опозициската ВМРО ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски во повеќе наврати и покрај укажувањата на здравствените власти да нема масовни собири организираше протести на кои се собираа поголеми групи на граѓани.

(фотографија од еден од протестите на кои не се почитуваа мерките за дистанца и препораките на здравствените власти да нема групирања)

ⓘ Добро е да се знае и…

Членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, познатиот инфектолог Вело Марковски во една прилика за ТВ 24 коронавирусот го опиша како вирус кој не е опасна болест, што наиде на сериозни реакции во јавноста.

Во изминатиот период беа забележани многу контрадиктори тврдења на ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

Вело Марковски  уште во април додека не беше назначен за член на И.К. на ВМРО ДПМНЕ беше доста активен во јавноста. Па така додека коронавирус пандемијата беше непозната и на самиот почеток, јавно говореше дека “нема да има втор пик на ковид 19”, и покрај тоа што СЗО и здравствените власти во Македонија соопштуваа дека очекуваат нов бран на пандемијата наесен, што всушност и се случи.

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T

По коронавирусот, цревна болест се појавила во Северна Кореја

M T

ФДА: Вакцината против коронавирус безбедна за деца од шест месеци

M T