Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈАТЕМА

Заев: Македонскиот народ и македонскиот јазик се непобитен факт и во Бугарија знаат дека ЕУ ова го третира како европска вредност и придобивка

„Бугарија е свесна за реалноста заради тоа што Република Северна Македонија, македонскиот народ и македонскиот јазик се непобитен факт и тие знаат дека ЕУ ова го третира како европска вредност, европска придобивка“, рече премиерот Заев во интервју за ТВ 21, и додаде дека е многу лесно да се направи кавга, но нам ни требаат решенија.

„Европа не може да помине преку тоа, затоа што, прво, ако е така ваквите билатерални прашања ќе станат правило и тоа е недозволиво за ЕУ“, истакна премиерот Заев.

„Моја должност е да не се откажуваме и да стигнеме до решение заради тоа што нашиот народ очекува да најдам решение“, рече премиерот Заев.

„Сега има пенал за шутирање, за кавги колку што сакате, но нас не ни треба тоа. Ни треба пријателство. Нас ни треба трезвени глави, мудри лидери кои што навистина ќе дадат шанса на дијалогот, ќе дадат шанса на решенијата, не на конфликтот“, истакна Заев во интервју за ТВ 21.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНИЈА МЕЃУ ТРИТЕ ЗЕМЈИ ШТО МОЖЕ ДА ДОБИЈАТ НОВИ СРЕДСТВА ОД ЕУ – Фон дер Лајен најави 338 милиони евра

ДЕСК

АМСМ: ВНИМАВАЈТЕ КАЈ ГРАДСКО, БУЧИМ И НА ПЛАНИНСКИТЕ ПАТИШТА – Важни информации за возачите

ДЕСК

ДЕНЕСКА ОБИЛНИ ДОЖДОВИ ВО МАКЕДОНИЈА – УХМР најавува над 30 литри на квадратен метар на запад

ДЕСК