Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МАКЕДОНИЈА МЕЃУ ТРИТЕ ЗЕМЈИ ШТО МОЖЕ ДА ДОБИЈАТ НОВИ СРЕДСТВА ОД ЕУ – Фон дер Лајен најави 338 милиони евра

Македонија, Албанија и Црна Гора би можеле во наредните недели заедно да добијат дополнителни 338 милиони евра во рамките на Планот за раст на Европската Унија, соопшти претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен по завршувањето на самитот ЕУ – Западен Балкан во Брисел.

Според фон дер Лајен, земјите од регионот остваруваат напредок во спроведувањето на реформските обврски. Процентот на реализирани реформски чекори чии рокови доспеале се зголемил од 38 на 63 проценти во споредба со пред една година. Дополнителните средства се поврзани со напредокот во реформите и исполнувањето на условите.

Важно е да се нагласи дека сумата од 338 милиони евра се однесува вкупно на трите земји, а не само на Македонија. Точниот износ што ќе ѝ припадне на секоја држава, како и датумот на исплата, треба дополнително да бидат потврдени. Европската комисија најави и продолжување на разговорите за укинување на роаминг-трошоците со ЕУ, во кои веќе е вклучена Македонија.

Можеби ќе ве интересира

АМСМ: ВНИМАВАЈТЕ КАЈ ГРАДСКО, БУЧИМ И НА ПЛАНИНСКИТЕ ПАТИШТА – Важни информации за возачите

ДЕСК

ДЕНЕСКА ОБИЛНИ ДОЖДОВИ ВО МАКЕДОНИЈА – УХМР најавува над 30 литри на квадратен метар на запад

ДЕСК

Левица: Терор од брзите кредити со амин од власта – изнудувачи доаѓаат дома и ги заплашуваат семејствата

ДЕСК