Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Премиерот Заев во интервју на ТВ 21: Нема друга алтернатива освен европскиот пат, сигурни во македонскиот идентитет ќе ги придвижиме работиме

„Недонесувањето одлука на денешниот состанок во Брисел е пораз за идејата на ЕУ, но во исто време е потврдено во изјавата на претседавачот, германскиот министер за европски прашања Михаел Рот дека постојат до декември уште можности и треба да продолжиме во духот на дијалог, а не низ конфликти, да дојдеме до решение“, изјави премиерот Заев вечерва во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21, одговарајќи на прашањето за денешното вето на Бугарија за успешно затворање на преговарачката рамка на министерскиот состанок на Европската Унија.

„Ние друга алтернатива немаме освен нашиот европски пат, интеграцијата на Република Северна Македонија во ЕУ и ќе продолжиме по тој пат. Треба да продолжиме да правиме напори, во духот на градење пријателство, дијалог, не конфликти. Мене ми паѓа многу тешко, затоа што верувам дека тоа не е желба на бугарскиот народ и на премиерот Борисов. Верувам дека тоа се политики во пресрет на избори, веројатно поттикнати во едно вакво светло, но еве да дадеме шанса и на следните денови кои претстојат пред нас затоа што постојат уште можности“, додаде премиерот Заев.

Тој нагласи дека во вакви ситуации е многу лесно да се удираме во градите, нашата намера е да бидеме рационални и да ги придвижиме работите според очекувањето на нашиот народ, а тоа е да чекориме и понатаму кон ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНИЈА МЕЃУ ТРИТЕ ЗЕМЈИ ШТО МОЖЕ ДА ДОБИЈАТ НОВИ СРЕДСТВА ОД ЕУ – Фон дер Лајен најави 338 милиони евра

ДЕСК

АМСМ: ВНИМАВАЈТЕ КАЈ ГРАДСКО, БУЧИМ И НА ПЛАНИНСКИТЕ ПАТИШТА – Важни информации за возачите

ДЕСК

ДЕНЕСКА ОБИЛНИ ДОЖДОВИ ВО МАКЕДОНИЈА – УХМР најавува над 30 литри на квадратен метар на запад

ДЕСК