Centar.mk
-МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

ДЕНЕСКА ОБИЛНИ ДОЖДОВИ ВО МАКЕДОНИЈА – УХМР најавува над 30 литри на квадратен метар на запад

Македонија во четврток, 26 ноември, ќе има облачно време со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните делови од земјата. Според Управата за хидрометеоролошки работи, локално може да наврнат повеќе од 30 литри дожд на квадратен метар за 24 часа.

Ќе дува умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Во Скопје се очекува облачно време со повремени врнежи од дожд и слаб до умерен јужен ветер. Дневните температури низ земјата ќе достигнуваат до околу 12 степени.

УХМР предупредува дека циклонската активност ќе продолжи до недела, а на одредени места вкупните врнежи за целиот период може да надминат 80 литри на квадратен метар. За викендот, со навлегувањето на постуден воздух, на повисоките места се очекуваат мешани врнежи, а на планините снег. Потребна е зголемена внимателност во подрачјата со проблематични одводи, ниски премини и патишта покрај речни корита.

Можеби ќе ве интересира

Левица: Терор од брзите кредити со амин од власта – изнудувачи доаѓаат дома и ги заплашуваат семејствата

ДЕСК

Митева: Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ отвора бесплатен телефонски број за жртвите од семејно насилство со цел правна помош и советување

ДЕСК

Перински: Здравствениот систем е првиот контакт на жртвите на насилство, затоа е многу битно здравствениот работник да има утврден протокол и правилник за помош

ДЕСК