12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИСИЗБОР

Државата ќе дели платежни картички од по 6.000 денари – Еве на кои категории на граѓани им следува оваа мерка

Со гласањето на ребалансот на буџетот се отвори патот за да се донесат потребните законски решенија за поддршката кон граѓаните и стопанството.

Државата конечно, ќе може да им помогне на своите граѓани и ќе започне со реализација на четвртиот пакет мерки.

Платежни картички ќе има за самохраните родители и пензионери кои имаат пензии до 15.000 денари.

Финансиска помош во вид на картички ќе добијат и лица кои се пасивни баратели на работа, самостојните работници, културните и естрадните работници.

Платежни картички ќе добијат и 540 студенти кои минатиот пат приговарале, но не успеале да добијат ваква помош.

Износот на помошта во вид на платежна картичка ќе биде 6.000 денари и средствата ќе може да се искористат за купување на домашни производи и услуги.

Законските решенија се очекува да бидат донесени во текот на оваа недела. Истовмремено се очекува носење на законското решение за исплата на помош за плати, каде погодените фирми, за секој свој вработен ќе добијат меѓу 14.500 и 21 илјада денари и тоа ваквата сума ќе исплаќа посебно за секој од месеците октомври, ноември и декември.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Ветеното кон пензионерите целосно исполнето, отворени сите три пензионерски клубови

M T

Зоран Заев: Нека ни е честит и вечен Денот на демократијата

M T

Претседателот на Шри Ланка го моли Путин за помош, за увоз на гориво

M T

Овие три хороскопски знаци НИКОГАШ нема да побараат помош од вас

M T

Светската банка одобри 1,49 милијарди долари помош за Украина

M T

Зеленски: Благодарам на претседателот Бајден и на сите сојузници

M T