Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Премиерот Зоран Заев: Тие бројки се личности, наши сограѓани, пријатели и роднини – Денешната статистика за КОВИД-19 нѐ загрижува и нѐ допира сите

Денешната статистика за КОВИД-19 нѐ загрижува и нѐ допира сите. Тие бројки се личности, наши сограѓани, пријатели и роднини. Неминовна е потребата од поголема заштита од коронавирусот и спречување на негово ширење. Затоа ми е драго што вечерва Собранието на Република Северна Македонија ги изгласа новите мерки предложени од Владата, со кои маската на отворено станува задолжителна, порача премиерот Зоран Заев, откако мнозинството успеа да го донесе новиот закон за заразни болести, кој беше оспоруван од опозициската ДПМНЕ.

– Иако пратениците од опозицијата го кочеа носењето на овој значаен закон и гласаа воздржано, со мнозинство гласови и одговорноста на пратениците од мнозинството вечерва Собранието ги усвои измените на Законот за заштита на населението од заразни болести. Сите имаме удел во оваа заедничка борба. Да се бориме и да се заштитиме себеси и нашите најмили со тоа што ќе ги почитуваме мерките, соопшти премиерот Зоран Заев.

Можеби ќе ве интересира

Набавени се 100 нови возила за Македонска пошта – еве како изгледаат (ФОТО)

ДЕСК

Мицкоски: Очекувам СДСМ да го повика Васко Ковачевски да се врати и да се соочи со правдата

ДЕСК

Мицкоски: Како што најавив се намалија цените на горивата, очекувам дополнително снижување

ДЕСК