Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Денеска ќе биде погребан Амди Бајрам во Бутел – МЗ апелира погребот да се спроведе согласно протоколите

Денеска ќе биде погребан лидерот на Сојузот на Роми, Амди Бајрам, кој почина вчера на 64-годишна возраст.

Погребот, како што соопшти Сојузот на Ромите, е закажан за денеска, во 14 часот во Али Пашината џамија и во 15 часот на гробиштата во Бутел во муслиманските гробишта.

-Од канцеларијата на Сојузот на Ромите на Република Северна Македонија ве информираме со голема тага и болка дека вчера, на 24 октомври 2020 година почина нашиот сакан и почитуван претседател на партијата и долгогодишен пратеник во Собранието, се наведува во соопштението на партијата, со која раководеше Бајрам.

Министерството за здравство вчера соопшти дека кај Амди Бајрам постмортем е утврдено дека бил позитивен на Ковид-19.

МЗ изрази сочувтсво до семејството и апелира, во интерес на заштита на нивното здравје, во целост да соработуваат со надлежните служби. Дополнително, да се избегнат сите погребни ритуали, а погребот да се спроведе согласно протоколите, како превенција од натамошно ширење на инфекцијата од Ковид-19.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Јасно е дека кај многумина има страв од избори, но изборите ќе бидат редовни, во 2028 година

C +

СДСМ: Европа не може да прими во членство организирана криминална група како ВМРО

C +

Тошковски: Новата шалтер сала во МТВ – побрзи услуги и подобри услови за граѓаните и вработените

C +