Под влијание на јужно воздушно струење денес наместа ќе дува силен јужен ветер кој повремено ќе достигнува брзина над 80 километри на час. Температурите ќе бидат значително над просекот за овој период од годината.
Во Скопје, ќе дува умерен до засилен јужен ветер со температура значително над просекот за овој период од годината.


