Centar.mk
фото Општина Илинден
ЛОКАЛНО

Општина Илинден започна со реконструкција на улица „406“ во н.м Марино

Општина Илинден продолжува со инвестиции во подобрување на локалната патна инфраструктура, при што во рамки на Програмата за реконструкција, рехабилитација и санација на локални улици и патишта, започнаа градежните активности за реконструкција на улица „406“ во населеното место Марино.

Увид во текот на градежните активности изврши градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека станува збор за реконструкција на улица во должина од околу 420 метри со широчина на коловозот од 5 метри и тротоар од 1,5 метри. Проектот опфаќа поставување нов асфалтен слој, со што ќе се обезбедат подобри и побезбедни услови за сообраќај, како и пофункционално поврзување на месноста Јака со населеното место Марино.

Паралелно со активностите за реконструкција на коловозот, извршено е и приклучување на фекална канализациска мрежа на домаќинствата кои досега не беа опфатени, со што дополнително се унапредува комуналната инфраструктура во овој дел од општината.

Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со инвестиции во изградба, реконструкција и санација на локалните улици и патишта, согласно утврдените приоритети и потребите на граѓаните, со цел рамномерен инфраструктурен развој и подобрување на квалитетот на живот во сите населени места.

фото Општина Илинден

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски до советниците: Граѓаните гледаат кој работи за нив, а кој за партијата

ДЕСК

Ѓорѓиевски: Да живее слободно Скопје

ДЕСК

Анализа: Без компромис со безбедноста, по темелната реконструкција жичарата продолжува со работа следниот месец

ДЕСК