Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Филипче нема да му удоволи на ВМРО ДПМНЕ – Оставка нема да има

Венко Филипче, Министерот за здравство не чувствува одговорност за да поднесе оставка која од него ја побара ВМРО ДПМНЕ.

Филипче кој денеска беше во Струмица, ја повика опозициската ДПМНЕ да ја тргне политиката настрана од борбата против коронавирусот.

Министерот додаде дека од стартот на здравствената криза целиот тим работи професионално и никогаш не се обиделе да внесат политиканство во било која од препораките и одлуките.

– Ги слушаме во јавноста предлозите што ги дава опозицијата и огроен дел од нив немаат никаква медицинска логика. Сакам да им порачам да ја држат политиката настрана од ова сериозно прашање. Имаа шанса да помогнат, но за жал одмогнаа и тогаш кога требаше да се потпише заемот. Сега сите 16 ковид центри ни доцнат. Да не се слушеше тогаш таа блокада од тогашната заменичка министерка за финансии, сега сите ковид центри кќ беа инсталирани во целата држава, соопшти министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Општата болница во Струмица.

Можеби ќе ве интересира

Отсјај од рефлектори на небото над Битола направи паника, отвори дилеми и шекулации на социјалните мрежи

ДЕСК

ШОК ВО СКОПЈЕ: Како закочил автобус со неисправни сопирачки, а бил полн со 85 деца, 37 над дозволеното!?

ДЕСК

ХАОС СО ВРЕМЕТО: Од кочан ладно време веднаш доаѓаат температури и до 25°C – Метеоролозите со повеќедневна прогноза

ДЕСК