Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Емилија Александрова: ВМРО-ДМПНЕ заслужува храбар лидер, а не бегалец и фејсбук патриот – Време е Христијан да си оди

Емилија Александрова со реакција на протестот и говорот на Христијан Мицковски, која ја пренесуваме интегрално:

На денешниот ден кога македонскиот народ ја слави револуционерната борба, борба за независна, суверена, самостојна и интегрирана држава, Христијан Мицкоски, така наречен даскалот, повторно го сквернави името на ВМРО кое припаѓа на секој родољуб. Им припаѓа на храбрите кои се бореле и со крв плаќале македонскиот народ да има своја држава. Ги сквернави имињата на борците за македонската државност, поистоветувајќи се со нивниот лик и дела.

Денешниот протест на овој ден, само покажува колку тој е неискрен во таа идеја, посебно кога бара “Македонија да мора да ги почне преговорите со ЕУ, тоа била наша иднина” . Христијан Мицкоски по којзнае кој пат се обидува да го одбегне фактот дека тој остана надвор од секој предизвик кој нé направи земја членка на НАТО и е услов за почеток на преговорите со ЕУ.

ОТТУКА, го повикувам Христијан Мицкоски, да го каже името на државата за која толку лицемерно се бори да биде дел од европското семејство.

Овој светол ден во македонскиот непокор, не заслужува лицемерни лидери кои не умеат да препознаат историски моменти и на нив државнички да одговорат.

ВМРО-ДМПНЕ заслужува храбар лидер , а не бегалец и фејсбук патриот. Време е Христијан да си оди, да се нормализира партијата, да ја обединиме и со искрени намери да ја водиме во европското семејство.

Можеби ќе ве интересира

Апсења на повеќе локации низ Скопје

ДЕСК

ПОВТОРНО ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – Метеоцентар со временски најави за следните 4 дена

ДЕСК

Сиљановска-Давкова се обрати на Парискиот мировен форум: Евроинтеграцијата е дијалог, а не диктат

ДЕСК