Centar.mk
БИЗНИСТЕМАТОП ВЕСТИ

Вкупниот финансиски износ на третата бескаматна кредитна линија за микро и мали претпријатија погодени од КОВИД-19 – Ковид 3, е 31 милиони евра

Вкупниот финансиски износ на третата бескаматна кредитна линија со грант компонента наменета за микро и мали претпријатија погодени од КОВИД-19 (Ковид 3) е 31 милиони евра, од кои 60.000.000 денари односно 1 милион евра се буџетски средства од програмата П1 на Министерството за економија, додека 30 милиони евра се од Европската Унија.

Ова е резултат на одлуката на Владата на Република Северна Македонија од вчерашната седница, на која Владата го задолжи Министерството за финансии да потпише договор за администрирање на средствата со Развојна банка на Северна Македонија.

Владата го задолжи Министерството за финансии, во соработка со Секретаријатот за европски прашања, да ја известат Делегацијата на ЕУ во земјата дека мерката е усвоена од Владата на Република Северна Македонија и дека Министерството за финансии, Министерството за економија и Развојната банка на Северна Македонија преземаат активности за операционализација на мерката

Финансиските средства за бескаматна кредитна линија со грант компонента наменета за микро и мали претпријатија погодени од КОВИД-19 (Ковид 3) од 30 милиони евра се повлечени од 50-те милиони евра награда за успешност заради целокупниот напредок во процесот на Европска интеграција на Северна Македонија, за кои Владата со официјален допис се обрати до Европската Комисија дека овие средства ќе се користат за опоравување на земјата од последиците предизвикани од пандемијата со КОВИД-19.

Можеби ќе ве интересира

Брза пруга до 200 километри на час во плановите за Коридорот 10

ДЕСК

„Рајанер“ размислува за замрзнување на платите

ДЕСК

РАНО ИЗУТРИНА СЕ ОГЛАСИ НАРОДНАТА БАНКА: „АЛТА банка“ АД Битола продолжува да работи – администрацијата е привремена мерка за заштита на Банката и на штедачите до промена на сопственоста

ДЕСК