Johnson Matthey оствари силен шестмесечен раст и ги подобри прогнозите за целата фискална година
Групацијата Johnson Matthey објави одлични резултати за шесте месеци од фискалната година што заврши на 30 септември 2026 година, што претставува значителен напредок кон целта да стане фокусирана и ефикасна групација која генерира готовина. Во првата половина од годината, групацијата оствари раст на основната оперативна добивка од 13% (пресметано при константни цени на металите од платинската група на метали и при константни девизни курсеви, исклучувајќи го Cormetech), додека пријавената оперативна добивка се зголеми за 45%.
Продажбата, без вклучување на благородните метали, порасна за 9% и достигна 1,39 милијарди фунти, додека основната заработка по акција се зголеми за 50%. Овие резултати главно се должат на секторот „Чист воздух“ (Clean Air), каде што основната оперативна добивка порасна за 26%, а оперативната маржа се зголеми за 180 базни поени во однос на претходната година, достигнувајќи 14,2%. Компанијата продолжува според планот кон целта за зголемување на маржата во секторот „Чист воздух“ на ниво помеѓу 16% и 18% во периодот 2027/28 година.
Првата половина од годината исто така покажа јасен напредок во преобликувањето на портфолиото на Johnson Matthey. По завршувањето на продажбата на деловната единица „Catalyst Technologies“ во јули 2026 година, 1 милијарда фунти од добиените средства им се враќаат на акционерите преку специјална дивиденда во износ од 800 милиони фунти и преку тековната програма за откуп на акции во вредност од 200 милиони фунти. Со аквизицијата на компанијата Cormetech, во основните дејности на Johnson Matthey се вклучува и бизнис со висок потенцијал за раст во областа на контролата на емисиите од стационарни извори, а резултатите на овој сегмент ги надминуваат очекувањата.
Лијам Кондон, главен извршен директор на групацијата, изјави: „Првата половина од годината претставува важен чекор напред во трансформацијата на Johnson Matthey. Нашите силни финансиски резултати во овој период се одраз на позитивниот деловен замав и доследното спроведување на стратегијата, поради што ги подобривме нашите прогнози за 2026/27 година. Остануваме на вистинскиот пат кон остварување на нашите среднорочни цели, зголемување на генерирањето готовина и обезбедување поголем принос за акционерите.“
Спојувањето на Cormetech и секторот „Clean Air Solutions“ го трансформира Johnson Matthey во глобален лидер во контролата на емисиите од стационарни извори, со силна позиција на пазарот во САД – пазар кој брзо се шири, особено во секторите за
производство на електрична енергија и дата-центри. Се очекува комбинираниот бизнис во 2026/27 година да оствари годишна продажба од над 250 милиони фунти, како и оперативна маржа со двоцифрена бројка во опсегот меѓу 10% и 20%. Компанијата веќе го обезбеди својот прв заеднички деловен успех: испорака на технологии за контрола на емисиите наменети за гасни турбини што се користат во дата-центри.
Зоран Николов, директор на фабриката на „Џонсон Мети“ во Македонија, истакна: „Силните резултати на Групацијата во првата половина од годината го одразуваат истиот фокус на оперативна извонредност, ефикасност и континуирано подобрување, кои се водилка во нашата работа во Македонија. Нашиот тим во Скопје останува посветен на испорака на висококвалитетни решенија за чист воздух за клиенти ширум светот, истовремено придонесувајќи кон развојот на локалната експертиза, зајакнувањето на регионалните синџири на снабдување и создавањето одржлива економска вредност.“
По силните резултати во првата половина од годината, „Џонсон Мети“ ги подобри своите очекувања за фискалната година што завршува на 31 март 2027 година. Групацијата сега очекува раст на основната оперативна добивка во висок едноцифрен процент (при константни цени на благородните метали и на девизните курсеви), за разлика од претходните очекувања за раст од низок до среден едноцифрен процент. Оваа прогноза на Групацијата не ги вклучува секторите „Catalyst Technologies“ и „Cormetech“. За секторот „Clean Air“ се очекува силен раст на основната оперативна добивка и дополнително подобрување на маржата; за „PGM Services“ се очекува резултатите да останат на нивото од 2025/26 година, додека „Hydrogen Technologies“ е на добар пат да достигне точка на покривање на трошоците (break-even) во однос на основната оперативна добивка.


