7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЛОКАЛНО

Целосна реконструкција на градинката „Мајски цвет“ во Карпош

Изјава за медиуми, Гордан Шутаров од ОО СДСМ Карпош – интегрално

Локалната власт предводена од СДСМ направи целосна реконструиран на објектот на градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1, во општина Карпош. Направена е целосна обнова на тоалетите, со што се подобрија хигиенско – санитарните услови за најмладите. Реконструирана е и фасадата, дел од кровната површина, а заменети се вратите и прозорците на објектот.На овој начин, оваа градинка стана енергетски – ефикасна, а сметките за загревање се намалија за 30 отсто.

Оваа градинки доби целосно нов и модерен лик. Градинка по европски стандарди, која во нормални услови може да згрижи 140 деца.
Реконструкцијата на оваа градинка беше меѓу главните ветувања на СДСМ во изборната кампања за локалните избори.

СДСМ продолжува да вложува во детската заштита и унапредување на предучилишното образование.
Во Општина Карпош, во овие три години се направи и целосно нова градинка во Бардовци, како и нов објект на „Мајски цвет“ во Тафталиџе 2.

И во време на светска пандемија направивме сериозен исчекор во делот на детската заштита.
Сите овие детски градинки работат согласно протоколитте за заштита од Ковид – 19.

Да ги почитуваме мерките, за да овозможиме побезбеден воспитно – образовен процес.

Работиме во интерес на сите граѓани, докажуваме дека можеме уште повеќе и уште подобро, рече Шутаров.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Приведен крадец кој ограби магацин на градинка, производите пронајдени и вратени

M T

Шахпаска: После 40 години, децата од Кавадарци добиваат нова, современа и инклузивна детска градинка, со капацитет од 142 места

M T

Најдоброто за Карпош преку финансиска поддршка за наставниците, учество во обуки и семинари

M T

Шахпаска: Со надградба на градинката во Крива Паланка ќе бидат згрижени уште 102 дечиња

M T

Шахпаска: Волково ја добива првата детска градинка. Енергетски ефикасен објект изграден според највисоките европски стандарди за целосна инклузија на децата со попреченост

M T

Министерката Шахпаска: Инвестираме во целосно нова градинка која ќе згрижи 57 деца во Општина Сопиште, секое дете е важно

M T