Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕОТОП ВЕСТИ

Денеска сончево време со умерена облачност, од утре дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а дневната од 20 до 26 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 8, а дневната ќе достигне до 23 степени.

Под влијание на циклонска активност, утре попладне, во текот на ноќта и во вторник, ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Преодно стабилизирање на времето се очекува во среда.

Можеби ќе ве интересира

Пензионер нападнат во Аеродром

ДЕСК

Гаши – Хаџиев: континуирана соработка меѓу Собранието и ПАБСЕК

ДЕСК

Со изложба на проекти за зелена енергија одбележан 1 Јуни-Меѓународниот ден на детето

ДЕСК