Centar.mk
БИЗНИСПРОМО

ЕУ ГО МЕНУВА СИСТЕМОТ ЗА ОНЛАЈН ПРОДАЖБА – Се укинува ограничувањето од 150 евра за единствено пријавување ДДВ

Земјите членки на Европската унија на 9 ноември постигнаа заедничка позиција за отстранување на прагот од 150 евра во системот IOSS, преку кој се пријавува и плаќа данокот на додадена вредност за производи што се продаваат преку интернет од земји надвор од ЕУ. Според Европската комисија, предложената промена ќе им овозможи на трговците и интернет-платформите да пријавуваат ДДВ преку единствена регистрација, без оглед на вредноста на нарачката.

Новите правила се планирани за примена од 1 јули 2028 година, кога треба да започне да функционира новиот европски царински податочен систем. За купувачите промената не воведува нов ДДВ, бидејќи данокот веќе се наплатува на увезените производи. Постапката за формално усвојување сè уште не е завршена, а во меѓувреме ќе следува дополнителна консултација со Европскиот парламент.

Можеби ќе ве интересира

ПОЗНАТО Е КОЛКУ ЌЕ ВРЕДАТ ЕВРОТО И ДОЛАРОТ ОД ВТОРНИК – Народната банка ја објави курсната листа за 10 ноември

ДЕСК

ЖИВЕЕМЕ ОД ПЛАТА ДО ПЛАТА, А ГОДИНИТЕ ПОМИНУВААТ – Кога ќе почнеме да живееме, а не само да преживуваме?

ДЕСК

СЕ ПОДГОТВУВА НОВАТА ЦЕНА НА СТРУЈАТА ЗА ДОМАЌИНСТВАТА – ЕВН Хоум отвори постапка за набавка на електрична енергија

ДЕСК