24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Листа на најмоќни пасоши во светот: Македонскиот помоќен од американскиот

Интернет-страницата „Passport Index“ објави листа на земји со најмоќни пасоши со кои може да се патува слободно без виза.

Листата се заснова на тоа колку на земјата со пасош ѝ е одобрен безвизен пристап или виза добивате по влез во земјата.

Македонскиот пасош се најде на 16-то место, пред Албанија, Црна Гора, но и пред САД, чиј пасош поради Ковид-19 падна на 21.место.

Со тоа, граѓаните на Србија, Македонија, Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина имаат помоќен пасош од граѓаните на САД.

Со македонскиот пасош без виза може да се влезе во 62 земји.

Пред нас е рангирана Хрватска, на осмото место и Србија на 14-та позиција на индексот на најмоќни пасоши.

Иако пасошот на Нов Зеланд е прогласен за најмоќен, сепак треба да се знае дека во овој момент на граѓаните на оваа островска земја им е препорачано да се воздржат од меѓународни патувања, пишува Индепендент.

По Нов Зеланд кој обезбеди прво место со оцена 129 следуваат Германија, Австрија, Луксембург, Швајцарија, Ирска, Јужна Кореа, Јапонија и Австралија, сите со оцена 128 и делат второ место.

На трето место се Шведска, Белгија, Франција, Финска, Италија и Шпанија, додека Велика Британија е на четврто место заедно со Холандија, Данска, Португалија, Литванија, Норвешка, Исланд и Канада.

На крајот на листата се Авганистан и Ирак, кои имаат оцена од само 31, а следуваат Сирија 34-, Сомалија 35 и Јемен 36.

Спонзорирано: