Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Centar Македонија Во тренд...

Падна првиот снег во Македонија

Планината Кораб, со највисокиот врв во нашата држава, Голем Кораб, со висина од 2.764 метри надморска височина, утрово ја обеле првиот снег.

Снегот пристигна по дводневните интензивни врнежи од дожд, проследен со ветер а во текот на ноќта и урово и со ниски температури,кои беа присутни во овој најзападен дел на Северна Македонија.

Поради врнежите на патните правци Дебар-Маврово и Деба-Струга има појава на помал одрони од камен и земја, за што се препорачува внимателно возење.

„Има помали одрони на камен и земја, нашите екипи кои се постојано на терен веднаш ги отстрануваат. Дополнително и поради влажните коловози се препорачува многу внимателно возење и строго почитување на патната сигнализација“, порачуваат од дебарската секција на „Македонија пат“.

Посебна внимателност се препорачува на делницата Дебар-Жровница по клисурата на реката Радика, на патот кон Маврово, каде вообичаено одроните се најчести.

Можеби ќе ве интересира

Викенд со драстичен пад на температурите, а некаде ќе врне снег – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

CENTAR MKD

УХМР издаде метео предупредување: Студен бран со ветер, дожд и снег низ Македонија

CENTAR MKD

Филипче обелодени кога почнува вакцинацијата во Македонија и кој прв ќе се вакцинира

CENTAR MKD