Centar.mk
МЕТЕОТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Стигнува освежување: Дожд низ поголем дел од Македонија – Метеоцентар со детална временска прогноза за следните 4 дена

Денес попладне претежно во северните делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер, во западните делови од западен, а вдолж Повардарието најпрво од јужен, а попладне од северен правец.

Од утре ќе има повремено зголемување на облачноста и позначително намалување на температурата проследено со северен ветер. Локален краткотраен дожд и грмежи се можни во четврток и петок.

Прогноза за 03.09.2020
Минимална температура: 11°C до 19°C
Максимална температура: 27°С до 34°C
Сончево со умерена облачност, попладне со услови за изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи. УВ=7

Прогноза за 04.09.2020
Минимална температура: 11°C до 19°C
Максимална температура: 26°C до 32°C
Умерено облачно, попладне со услови за изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. УВ=7

Прогноза за 05.09.2020
Минимална температура: 12°C до 20°C
Максимална температура: 25°C до 31°C
Сончево со мала до умерена облачност. УВ=7

Можеби ќе ве интересира

Два нови пилоти завршија обука во Шпанија за гаснење пожари, се приклучуваат на ДЗС

C +

Мицкоски: Имаме стабилни резерви, дополнително го намаливме ДДВ за горивата од 18 на 10%

ДЕСК

„Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, се заштедуваат отприлика околу 200 илјади евра на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

C +