22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ во кампања за светла иднина, ВМРО ДПМНЕ со полна уста омраза

 Постои драстична разлика во предизборните кампањи на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ во пресрет на изборниот ден 15 јули. Изминатите седмици јавноста е сведок дека коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ води позитивна кампања со промоција на европските вредности, но и со потенцирање на важноста на човечкиот капитал. Затоа секојдневно се слуша од нивните трибини дека нивната мисија е целосна интеграција на државата во Европската Унија, по членството во НАТО, но и дека дома ќе инвестираат во граѓаните. Влогот во човечкиот капитал подразбира повисоки плати во јавниот сектор, зголемување на минималната плата на 20 000 денари, зголемување на просечната плата на 34 000 денари, отворање нови работни места, повисоки пензии, повисоки државни социјални пензии, поголема социјална помош, повисок детски додаток и уште многу други мерки кои директно ќе го подобрат квалитетот на животот.
 
Покрај тоа, СДСМ предизборно го нагласува и тоа дека во државата има пари, само што претходно ВМРО ДПМНЕ ги краделе и ги трошеле непродуктивно, за споменици, фасади и други несуштински трошоци. Сега СДСМ ги враќа парите кај граѓаните, преку Мој ДДВ, преку намалените трошоци за катастарски и административни трошоци, укинатата радиодифузна такса, враќањето на евтината тарифа на струјата, намалените трошоци за извршители и нотари, и уште многу други мерки со кои индиректно се олеснува животот на граѓаните. Што значи, од една страна се зголемува семејниот буџет со прилив на средства, од друга направени се големи рестрикции на трошоците за живот. СДСМ ветува дека ваквиот тренд ќе продолжи.
 
Во отуство на план и програма и од незнаење што да им понудат на гласачите, ВМРО ДПМНЕ им беше најлесно да изберат негативна кампања. Наместо да им соопштуваат на граѓаните какви идеи и какви планови имаат за државата, какви мерки нудат за економијата, како да се надминат проблемите во голем број сфери, тие единствено се фокусирани на Зоран Зеав, да го престават како негативец и како човек кој ја уништил државата. Затоа, сите видео спотови, но и голем број настапи им се посветени токму на Заев. Тие се убедени дека ако атакуваат врз политичкиот противник ќе ги добијат изборите, но дали е така? После деценискиот режим на ВМРО ДПМНЕ, но и после трите години европеизација на државата од СДСМ, на граѓаните не им е баш сеедно кога некој наместо да излезе со проекти за иднината, излегува со полна уста омраза и неоснвано го оцрнува противникот.
 
Дека ваквите оцрнувања кон СДСМ не даваат резултат потврдуваат предизборните анкети на кои СДСМ е во водство, а тоа е потврда дека граѓаните сакаат сериозност, посветеност и светла иднина, а не мрак и изолација на државата, она кон кое се стреми ВМРО ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Лефков да се извинат откако ДКСК ги демантираше измислените афери за Ковачевски

M T

СДСМ: Зошто Мицкоски не сака да ја даде струјата од хидроцентралите на граѓаните?

M T

СДСМ: Заради бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, стои Скопје

M T

СДСМ: Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра

M T

СДСМ: Мицкоски има интереси, затоа е кавгата во Скопје, за пари

M T

СДСМ: Пари и тендер вреден 136 милиони евра е причината за кавгата на Мицкоски со Арсовска

M T