Centar.mk
фото скриншот/МВР
МАКЕДОНИЈА

НОЌНА ПОТЕРА ВО БОГДАНЦИ: 18-годишник со „мерцедес“ бегал од полиција, па нападнал службеници

Ноќеска (14.06.2026) во Богданци, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода лице(18) од село Василево, струмичко.

Тој управувајќи патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, не застанал на даден знак за запирање од полициски патроли и продолжил да се движи со возилото со голем брзина. Во Богданци го запрел возилото и побегнал, а откако бил стигнат физички ги нападнал полициски службеници.

Лицето е задржано во полициската станица Гевгелија и за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК ПРЕД СУД – Се бара усогласување на 140-те денари со инфлацијата

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Банкротирањето на Еуростандард банка во време на СДС е класичен пример дека СДС и Филипче сакаат банки да пропаѓаат, граѓаните да останат без своите пари, а државата ништо да не направи

ДЕСК

ВЛАЖНИ ПАТИШТА И ОПАСНОСТ ОД ОДРОНИ – АМСМ со предупредување за возачите

ДЕСК