9.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ со решенија за иднината, ВМРО ДПМНЕ со препишана програма

Предизборната кампања финишира, уште само пет дена остануваат до изборниот молк, а потоа на 15 јули следуваат избори. Што можеа граѓаните да слушнат во изминатите две седмици за да го донесат својот став за кого ќе гласаат. Ако гласачите ги следат јавните настапи на лидерите на партиите и носителите на изборните листи во шесте едници, и ако одлуката ја носат врз основа на тоа, тогаш нивниот избор би бил лесен. Од една страна СДСМ промовира решенија во политиката, економијата, судството, образованието, здравството, социјалата… од друга, ВМРО ДПМНЕ не зборува за проекти, програма и планови за подобар живот, туку е фокусирана што повеќе да го оцрни политичкиот противник, да ги минимизира неговите успеси и да ја манипулира јавноста дека СДСМ се национални предавници.

ВМРО ДПМНЕ знае дека пласира искривени тези и дека тоа што го зборува е далеку од реалноста, но кога партијата се соочува со безидејност, без решенија и со оскудна програма, тогаш очекувано е дека подобро би им било да зборуваат и да ги напаѓаат другите, отколку да зборуваат за себе и за нивните проекции.

Кампањата на СДСМ е заснована на неколку области во кои нудат решенија. На меѓународен план, по успехот за НАТО, се најавува отворање на поглавјата за преговори со Европската Унија. Решението на СДСМ е да создаде европска, демократска и призната држава. А тоа се прави само ако постојат добри релации, прво со соседите, а потоа и со силните европски држави. СДСМ ги надмина сите конфронтации со Грција и со Бугарија, сега овие два соседа ни се сојузници во интегративните процеси. Тоа ни го отвори патот кон Брисел, но во меѓувреме стекнавме големи пријатели во ЕУ, па затоа СДСМ може да се пофали дека го има решението за иднината.

На домашен план Зоран Заев најавува повторно зголемување на платите на здравствените работници, зголемување на пензиите, на минималната плата, на просечната плата, тоа се цел сет решенија за поквалитетен стандард на граѓаните. Поголеми плати ќе има и во образованието, но и во другите сектори од јавната администрација. Понатаму, се најавуваат нови 100 000 работни места, како досегашните 65 000 што ги отвори СДСМ во скратениот мандат. Заев нуди решенија и за меѓуетниќките односи преку концептот Едно општество за сите, кој веќе се реализира и наидува на одобрување од сите етнички заедници, а тоа го потврди и коалицијата „Можеме“ која привлече партии од сите етнички групи. Со еден збор, решенијата на СДСМ се остварливи затоа што тие и до сега покажаа дека може. Дури нудат и решение за независно судство и обвинителство. Откако ги донесоа сите законски решенија, сега на ред е судовите да испорачаат правда.

За разлика од нив, ВМРО ДПМНЕ во програмата има напишано ветувања кои веќе се исполнети од СДСМ. Мицкоски не може да зборува за НАТО и ЕУ затоа што тоа го заврши некој друг. Не може да зборува за независно судство затоа што нарачуваа пресуди, ниту пак за корупција затоа што 12 години нивното функционирање се потпираше на црни пари. За економија уште помалку, оти неговиот претходник Груевски запусти се. Оттаму, оваа партија не може да зборува за решенија на проблемите затоа што таа е генератор на проблеми. Затоа на Мицкоски не му остана ништо освен да плука кон противниците, да сее омраза и да манипулира дека СДСМ е злото за државата. Но, со таков вокабулар и таква кампања не му се пишува добро на изборите.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Лефков да се извинат откако ДКСК ги демантираше измислените афери за Ковачевски

M T

СДСМ: Зошто Мицкоски не сака да ја даде струјата од хидроцентралите на граѓаните?

M T

СДСМ: Заради бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, стои Скопје

M T

СДСМ: Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра

M T

СДСМ: Мицкоски има интереси, затоа е кавгата во Скопје, за пари

M T

СДСМ: Пари и тендер вреден 136 милиони евра е причината за кавгата на Мицкоски со Арсовска

M T