Centar.mk
МЕТЕОТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

УХМР издаде метео предупредување: Невреме низ Македонија – кога да очекуваме стабилизација?

До средината на наредната седмица нашето подрачје ќе биде под влијание на нестабилна воздушна маса која ќе услови честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.

Прогноза за 05.07.2020
Минимална температура: 13°C до 21°C
Максимална температура: 25°С до 33°C
Променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд и услови за појава на град. УВ=7

Прогноза за 06.07.2020
Минимална температура: 14°C до 22°C
Максимална температура: 26°C до 33°C
Променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=7

Прогноза за 07.07.2020
Минимална температура: 14°C до 22°C
Максимална температура: 28°C до 34°C
Сончево со умерена облачност. Попладне на места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=7

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +