Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Игор Дурловски од ВМРО-ДПМНЕ побегна од соочување со Радмила Шеќеринска на ТВ 21

Откако не знаеше што ќе градат според нивната програма, носителот на петтата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Дурловски не ја прифати поканата на ТВ21 за гостување во вечерашната предизборна емисија и побегна од соочување со опонентите.

Инаку ТВ21 од вечерва започнува со реализирање на изборни дебати на кои можност да се претставаат ќе имаат носителите на изборните листи за пратеници, претставувајќи ја програмата на коалицијата од која доаѓаат.

Дебатата каде гости се Радмила Шеќеринска, Сурија Рашиди, Талат Џафери и Васфи Доку, започнува во 21.15 на програмата на ТВ21 со пренос на социјалните мрежи и веб страниците. Поканет бил и Дурловски, но тој не прифати.

Можеби ќе ве интересира

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

C +

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

C +

Речиси 5.000 прекршоци регистрирани со „Безбеден град“ за една недела, најмногу за брзо возење

C +