22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: СДСМ е одговорна власт, 15 јули е конечен, последен и единствен датум за избори на кои гарантирано ќе учествува и опозицијата

Интегрално го пренесуваме обраќањето на лидерот на СДСМ, Зоран Заев:

Сите сме крајно свесни дека се наоѓаме во исклучително комплициран момент кога мораме да направиме важни чекори за нашата земја и за добро на нашиот народ.

СДСМ е носител на одговорна власт.

Одговорност е да направиш сè за да обезбедиш институции кои на граѓаните им служат со полн капацитет. Ни треба активно Собрание – домот на демократијата, домот на народните претставници мора да биде активен.

Ни треба целосно фунцкионална политичка влада. Тоа ние треба на сите, пред с на граѓаните, а потоа и на власта и на опозицијата да го овозможиме.

Само на тој начи есента ќе ја дочекаме спремни, со сите државни и општествени капацитети насочени во справувањето со последиците од опасниот коронавирус.

Мораме да си ги спасиме државата и народот од каков било ризик од дополнително влошување на ситуацијата. Поголема криза од ова нема да можеме да издржиме со техничка влада и без Собрание.

Ова мора да заврши и знам дека преку глава му е на секој граѓанин од партиските игри и од фамозниот датум за избори. Ајде ова да го расчистиме!

Ние, јас и СДСМ, преземаме чекор за да им олесниме на сите граѓани веднаш да заврши оваа игра на нерви од која најмногу страда народот.

Се знае кој и во минатото бил најодговорен пред народот и државата, така и овој пат СДСМ ја покажува својата големина, разбирање и одговорност.

За да не страда народот и за да им се овозможи на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на дело да ја покажат својата одговорност, го заклучуваме 15 јули како конечен, последен и единствен датум за избори на кои гарантирано ќе учествува опозицијата.

Ја информирам јавноста дека денеска повторно разговарав со Мицкоски и тој ми потврди дека е согласен со 15 јули.

Бараа средината на јули – еве им средина на јули. 15 јули, среда, неработен ден за сите граѓани, ден за гласање, ден за одлуки и за спас на државата од кризата во која влеговме.

Понеделник 13-ти и вторник 14-ти јули ќе бидат денови за гласање на болни и изнемоштени лица, вклучително и граѓаните кои се позитивни на коронавирусот дома или во болници, сите што се во само-изолација и сите хронично болни граѓани. Молкот ќе настапи на крајот на денот 12-ти јули, недела.

Праќам порака до Мицкоски – одговорноста пред сопствениот народ е големо дело.

И овој пат повторно, СДСМ покажа колку повеќе е одговорна политичка партија во споредба си ВМРО-ДПМНЕ.

Никој политичар не смее да помисли да си игра со сопствениот народ.

Доволни беа лошите изненадувања што ВМРО-ДПМНЕ им ги приредуваше на македонските граѓани.

Време е да погледнат надвор, да се одважат и ова решение да го потврдат пред народот.

Ова е за спас на државата. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се повикани да одговорат и да влезат во демократскиот процес заедно со сите други политички чинители во земјава. Очекувам Мицкоски да потврди јавно дека прифаќа на 15-ти јули да учествува тој и неговата политичка партија на изборите.

Следен чекор ќе биде да побараме од претседателот Пендаровски да прогласи уште една вонредна состојба, за да го обезбедиме учеството на опозицијата на изборите, секако и за да промениме денот на изборите од недела во среда на 15-ти јули и исто така дека се гласа наместо до 19.00 часот, до 21.00 часот. Исто така ден за гласање на болните и изнемоштените да бидат 13-ти и 14-ти јули, понеделник и вторник за да може да ги заштитиме сите граѓани, пред се хронично болните, но и да го добијат правото на глас болните, изнемоштените, граѓаните во само-изолација и позитивните на коронавирусот. Секако, да дефинираме дека молкот настапува на полноќ на 12-ти јули, недела.

Овој пат барањето за вонредна ќе биде само заради усогласување на 15 јули како конечен датум за избори и сите промени соодветни на избирачкиот закон. И тоа е фер граѓаните да го знаат, ќе се бара Вонредна заради избори, бидејќи истата не е потребна заради економските мерки – тие се веќе во полна реализација.

Договоривме со Мицковски, да и јас и тој да го информираме претседателот Пендаровски за договорот што го постигнавме, а Претседателот Пендаровски ќе ги информира останатите политички партии. Исто така се договоривме да ги информираме нашите членови на ДИК за да ги усогласат сите протоколи за организирање на избирачкиот процес.

Почитувани,

Овој наш чекор на крајна државничка одговорност верувам дека ќе го поддржат сите наши политички партнери и соработници, а информирани се секако меѓународните сојузници на нашата држава.

ВМРО-ДПМНЕ е на потег, да излезе пред народот и да се соочи со потребата од одговорно однесување.

Натаму одлучуваат граѓаните, тие ќе кажат кој ќе се справува со Ковид на есен.

СДСМ е одговорна власт која после 15 јули ќе продолжи да ја води државата на исправниот пат, уште подобро. Тоа го знаеме и го можеме!

Линк до видео: https://youtu.be/2DTDdmMCt_M

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Лефков да се извинат откако ДКСК ги демантираше измислените афери за Ковачевски

M T

СДСМ: Зошто Мицкоски не сака да ја даде струјата од хидроцентралите на граѓаните?

M T

СДСМ: Заради бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, стои Скопје

M T

СДСМ: Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра

M T

СДСМ: Мицкоски има интереси, затоа е кавгата во Скопје, за пари

M T

СДСМ: Пари и тендер вреден 136 милиони евра е причината за кавгата на Мицкоски со Арсовска

M T