27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Нови детали: Со кого беше затечен Христијан Мицкоски во внатрешноста на скопскиот ресторан?

Излегуваат нови детали, нови неофицијални информации за случајот од Боемска улица во Скопје, во кој претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски беше затечен во кафеана, како не ги почитува мерките за заштита од коронавирусот.

Очигледно Мицкоски не случајно бил во затворениот дел од кафаната, затоа што станувало збор за тајна средба. Неофицијално Мицкоски во кафеаната бил со уште 3 лица, меѓу кои и Ален Зекиров, поранешен телохранител на Сашо Мијалков, братучед на Груевски и поранешен прв човек на УБК.

Покрај Зекиров нашите информации говорат дека на состанокот присуствувал и друг, поранешен директор на УБК од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Андоновски и уште еден човек близок до ВМРО-ДПМНЕ.

Во очекување на официјални потврди на овие информации од МВР или други надлежни институции јавноста шпекулира дека ова било тајна средба на која нешто се договарало.

Со Зекиров се поврзуваат повеќе афери. Последниот настан во јавноста беше судски процес за сообраќајна несреќа којашто заврши со трагични последици на булеварот Партизански одреди.

Како поранешен телохранител на Мијалков, Ален Зекиров, во опозициските денови на ВМРО-ДПМНЕ се појавува како основач и сопственик на фирмата за маркетинг услуги и дистрибуција на СИМ – картички „Аналитико АИ”.