26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Трагедија во Кичево: Си ја пресекол ногата со мотокултиватор, па починал

Кичевчанец починал на лице место, откако си ја пресекол ногата со мотокултиватор, информира МВР.

-Вчера во 16:30 часот во СВР Охрид било пријавено дека во село Другово, кичевско, 54-годишниот Ц.З. од селото, додека извршувал работи на нива со мотокултиватор ја исекол ногата и од здобиените повреди починал на местото. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот – велат од полицијата.