Centar.mk
фото Собрание
-МАКЕДОНИЈА

Собранието домаќин на млади истражувачки новинари

Денеска, во организација на Собранието, се одржа едукативен настан под наслов „Новинарство во акција – учиме за демократија“, на кој учествуваа ученици од осмо и деветто одделение од МААРИФ Меѓународното училиште – Скопје, ООУ „Блаже Конески“ – Скопје и ООУ „Невена Георгиева-Дуња“ – Скопје.
Настанот го модерираше новинарката Ана Зафирова, која на присутните им посака добредојде и ги запозна со програмата и предвидените активности, детално објаснувајќи го текот на настанот.

На почетокот, потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, во своето воведно обраќање ја истакна значајната улога на новинарството во демократските процеси, нагласувајќи ја неговата важност за информирањето на граѓаните и функционирањето на демократското општество. На учесниците им посака успешна и продуктивна работа.

Велика Стојкова-Серафимовска, членка на Комисијата за образование, наука и спорт, го поздрави ангажманот и интересот на учениците за темата, посочувајќи ја важноста на истражувачкото новинарство, како и улогата на точните, проверени и навремени информации во општеството.

Во своето обраќање, Роберт Скот Хејзлет, претставник од НДИ ја нагласи важноста на критичкото размислување како темел на едно здраво општество. Тој посочи дека, покрај изразувањето на сопственото мислење, од особена важност е да се остави простор и за различните ставови, дури и кога постои несогласување.

Во изминатиот период, учениците од трите училишта формирале работни групи кои спроведувале истражувања на теми од јавен интерес, поврзани со јавната чистота, зелените површини, безбедноста на малолетниците, продажбата на производи чија продажба на малолетници е забранета, како и безбедноста на улиците на патот до училиштето.

Во рамки на настанот, учениците ги презентираа резултатите од своите истражувања, изнесувајќи ги согледувањата и заклучоците за прашањата што ги обработувале.

По завршувањето на презентациите, модераторката Ана Зафирова им се заблагодари на учениците за нивниот ангажман, темелната подготовка и исцрпните излагања, па го затвори настанот.

фото Собрание

Можеби ќе ве интересира

Левица: Фемицидот во Богданци е уште еден доказ дека полицијата не ги штити жените кои пријавуваат насилство

ДЕСК

Министерот Клековски најави нови проекти во здравството и се осврна на клучните приоритети – поголема достапност на лекови, реформа на ИМП и дигитално здравство

ДЕСК

Јаневска: Поголема безбедноста на младите во сообраќајот преку координирано делување на училиштата, институциите, семејствата, граѓанскиот сектор и локалните заедници

ДЕСК