15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Спасовски на ТВ 24: Мицкоски и веруваше на комисијата, сега ја политизира

„Комисијата за заразни болести е составена од професионалци, врвни експерти, тие ги носеа сите одлуки, ги согледуваат сите состојби, прават анализи и утврдуваат факти и врз основа на наука предлагаат мерки. Ставот на ВМРО ДПМНЕ ми е јасен, да се политизира работата на Комисијата, не е добро, не е коректно да се води политика преку лекарите. Ако ја политизираме целата работа тогаш нема никој да има полза. Христијан Мицкоски пред неколку дена и веруваше на комисијата, од неа бараше мислења за изборите, а сега наеднаш не му се допаѓа комисијата. “- критикуваше премиерот и потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски на телевизија 24.

Политиканството преку лекарите нема да донесе ред во државата, тоа ќе го направат изборите, кои стануваат неопходност и решение.

„Изборите мора да се одржат врз основа на законските прописи и врз основа на владината уредба. Таа уредба ги прекина активностите околу изборите. Така што, кога ќе заврши вонредната состојба, роковите за избори ќе продолжат и остануваат уште 22 дена, а тоа се поклопува со 5 јули како можен датум. Затоа, ако ги следиме овие факти тогаш датумот за избори е јасен. Нам ни треба функционална држава и ако нема избори ќе нема ништо“- рече Спасовски.

Спонзорирано: