Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

Македонски телеком со нова супер понуда ги израдува своите корисници

Во овие времиња, многу работи се променија, а многумина препознаа можност да научат нешто ново. Новото Mobile постпејд портфолио на Македонски Телеком нуди можност за повеќе онлајн учење, комуникација и истражување, информираат од Македонски телеком.

Корисниците добиваат повеќе мобилен интернет и дополнителни придобивки по свој избор, секои 30 дена на Telekom MК апликацијата.

Електронската сметка и електронското плаќање се од заеднички интерес на сите нас. Корисниците на новото Mobile портфолио кои ќе активираат или имаат активна е-сметка ќе добијат повеќе мобилен интернет: 1,5 GB во Mobile S, 15 GB во Mobile M и 25 GB во Mobile L. Преку Telekom MK апликацијата може да се активираат дополнителни придобивки без дополнителен надомест и со нив корисниците можат да добијат: уште повеќе мобилен интернет, неограничени SMS или опцијата VIDEO.

На сите постојни Smart S, M и L корисници, називите на тарифите од следната сметка ќе им бидат променети во Mobile S, M и L соодветно.

Овие поволности ќе важат и за сите Magenta 1 корисници, кои ќе активираат или имаат активна е-сметка.

Со е-сметка и електронско плаќање добиваме повеќе поволности, а ги чуваме и животната средина и сопственото здравје, велат од Македонски Телеком.

Можеби ќе ве интересира

ОКТА го зголемува попустот за дизел на 3 денари по литар и ја продолжува мерката до 6 април

C +

Познато е кога ќе бидат исплатени покачените пензии на пензионерите

ДЕСК

Народната банка: Предлозите за вицегувернери се доставени, изборот е во надлежност на Собранието

ДЕСК