20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Кузеска: Мицкоски си мислел дека МВР е МВРО-ВМРО па се јавувал во внатрешна контрола да врши притисок

Христијан Мицкоски си мислел дека МВР е МВРО-ВМРО па се јавувал во внатрешна контрола да врши притисок за случајот “Теретана“, соопшти Богданка Кузеска, од СДСМ.

– За Мицкоски сосема е нормално да крене телефон и да врши притисок врз полицијата за побрзо да се затвори неговиот случај со теретаната.

Дури и Наќе Чулев, под притисок на својот шеф, Мицкоски, побрза да го одбрани со незрела изјава дека припадниците на МВР не носеле ракавици туку тоа замислете, кажа дека е „отсјај“ од светлото.

Целата јавност ја виде снимката среде најголемата здравствена криза.

Граѓаните видоа како Мицкоски си влегува во празна теретана, придружуван од командантот на единицата „Тигар“ и уште еден полициски службеник.

Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ. Неодговорното однесување на Мицкоски е дел од истата, режимска матрица на оваа партија.

Единствена цел е да ги заробат институциите и да ги злоупотребуваат за партиски и лични цели, на истиот начин како што тоа го правеа 11 години под менторство на Никола Груевски.

Мицкоски треба да знае – времето на привилегирани, на затворање на случаите со притисоци по телефон, заврши.

Истрагата на МВР е во тек и продолжува. Истрагата ќе утврди дали Мицкоски вежбал во време кога на сила се забраните против коронавирусот и кога се затворени ваквите објекти, и дали има одговорност.

Сепак, ќе остане запаметено дека за време на најголемата здравствена криза Христијан Мицкоски се однесуваше крајно неодоговорно, несериозно и незрело, рече Кузеска.

Спонзорирано: