23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИК

Луѓето кои не ги сакате, се штетни по здравјето

Истражувањата покажале дека кога сме во друштво на иритантни личности, некој кој не ни е симпатичен, мозокот побавно работи, се нарушуваат процесите во организмот а како последица на тоа, добивате главоболка.

Дали ви се случило некоја личност да ви е многу несимпатична и тоа без никакви посебни причини? Ако имате некој таков претежно во вашето друштво, веднаш променете го тоа, советуваат експертите.

Истражувањата покажале дека кога сме во друштво на иритантни личности, некој кој не ни е симпатичен, придонесува да имаме главоболка, нервоза и намалена отпорност на имунитетниот систем.

Познато е дека во друштво го преземаме однесувањето на другите личности, што во психологијата се нарекува “синдром на огледало”. И тоа е сосема во ред која околу нас се драги личности, но кога некој не нервира, штетите за здравјето се големи. Она што се случува во тој момент е преземање на негативните емоции од личноста која не ја сакаме, и истите си ги пренесуваме на себе, што е познато како „лоша енергија“.

Долгорочно, тоа може да има страшно негативни последици. Интересно е дека оваа појава се случува само кога сме во друштво на личност која не ја сакаме, во слободно време. Тоа значи дека колегите кои не ги сакаме не се толку штетни по нашето здравје. Експертите објаснуваат дека кога не работиме, не сме фокусирани на задачи, повеќе внимание посветуваме на околината, па ако во неа некој ни оди на нерви, тоа многу тешко го поднесуваме.