15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИК

После ова веќе никогаш нема да влезете дома со чевли

Денес ретко кој ќе ве натера да се соблечете пред да влезете дома, а оние кои ќе ве натераат, веројатно ги сметате за чудни. Сепак, тие се во право. Ако се прашувате дали би требало да ги соблечете чевлите пред вратата или да влезете со нив во домот, имајте на ум дека со чевлите внесувате разни бактерии и отрови.

Еве некои причини кои ќе ви дадат одговор на прашањето дали да ги оставете обувките пред врата.

Бактерии

На обувките внесувате дома безброј бактерии. Една студија утврдила на надворешната страна на чевлите дека има дури околу 420.000 различни видови, вклучувајќи ја и Ешерихија коли, бактерии кои предизвикуваат дијареа, белодробни бактерии и бактерии кои предизвикуваат менингитис.

Отрови

Едно истражување открило дека со обувките внесуваме разни отрови, меѓу кои се наоѓаат и некои многу штетни пестициди. Покрај тоа, се тврди дека 98 отсто од оловната прашина во домот, која е исто така штетна, доаѓа преку обувките.

Отпадок

Покрај бактериите и отровите, на обувките сигурно имате кал, прашина и отпадок собрано од улиците. Тоа значи дека ќе потрошиме повеќе време и пари во чистење.

Ги вознемирувате домаќините

Кога влегувате во домот со чевли правите голема бучава, посебно ако имате плочки и потпетици на чевлите. Соблечете ги и пуштете ги домаќите мирно да спијат.

Стапалата сакаат да се слободни

Колку и да се удобни чевлите кои ги носите, сигурно имаат некој недостаток кој не го забележувате. Затоа, ослободете ги нозете. На вашите стапала сигурно повеќе ќе им годи да не бидат заробени во чевли или патики, кога веќе не мора.

Спонзорирано: