Centar.mk
МОЗАИКТЕМА

Месец на раѓање: Еве што открива за вас

Месецот на раѓање не го одредува само хороскопскиот знак, туку влијае и на здравјето и на склоноста кон одредени професии.

Бебињата родени во декември поретко заболуваат од астма и голема е шансата да станат забари. Јануарските бебиња во просек имаат најмлади мајки, а се склони кон епилепсија и Алцхајмерова болест во подоцнежните години. Февруари е „резервиран“ за уметниците, март за музичари и пилоти, додека априлските бебиња се склони кон пореметувања во исхраната и алкохолизмот.

Најдобро здравје имаат родените во мај, но психички се нестабилни. Оние кои се родени во јуни имаат најголеми шанси да станат шефови, но и да добијат дијабетес и мултиплесклероза.

Израелската студија во која учествуваа дури 300.000 испитаници, покажала дека летните бебиња се склони кон проблеми со очите. Ако школото не ви оди добро, родени сте во август, обвинете го месецот на раѓање бидејќи статистиката покажува дека тие лица во просек имаат најниско образование.

Септемвриските бебиња почесто го носат епитетот „интелектуалец“. Најдолговечните луѓе се раѓаат во октомври, ноемвриските бебиња во текот на животот се најсклони кон песимизам и агресивност, но се фатални и во заведувањето.

Можеби ќе ве интересира

НОЕМВРИ ПОЧНУВА СО СУДБИНСКИ ПРЕСВРТ – Три знаци ќе почувствуваат берикет, а еден ќе се соочи со големо изненадување

ДЕСК

МОЖЕ ЛИ НЕКОЈ ДА ГО КОПИРА ВАШИОТ ГЛАС? – Новата измама со вештачка интелигенција може да звучи како вашето дете, сопруг или родител

ДЕСК

ДЕЖА ВУ – Зошто понекогаш имаме чувство дека веќе сме го проживеале истиот момент иако знаеме дека тоа е невозможно?

ДЕСК