23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНОТОП ВЕСТИ

Општина Ѓорче Петров со интензивна реализација на капитални инвестиции, се гради и во време на корона

Ситуацијата со коронавирусот и пандемијата не ја спречува изградбата на капитални инвестиции во скопската општина Ѓорче Петров.

Во периодов се случуваат засилени градежни активности на неколку локации во општината.

Привршува изградбата на Корзото, од запоставена локација, просторот пред реонскиот парк добива нов, модерен лик, со шеталиште, амфитеатар, локали и современо партерно уредување.

Во населеното место Волково, се гради и првата детска градинка, со капацитет од 175 деца, со што се надминува деценискиот проблем од недостиг на градинка во тој дел од општината.

Во истото место, во основното училиште Јоаким Крчовски, за првпат по 60 години се гради спортска сала. Објектот веќе е затворен и започнува фазата на уредување на внатрешноста на салата.

Во основното училиште Димитар Поп Георгиев Беровски тече изградбата на училиштен затворен базен, кој според предвиденото треба да биде завршен до крајот на летото.

Од општината информираат дека сите работни активности се одвиваат согласно препораките од институциите, што придонесува за малку поспора реализација, но додаваат дека е добро што сите градежни зафати течат непрекинато, што е важно за економската активност.

Спонзорирано: