Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Николовски: Се уште е рано за избори, на прво место за СДСМ е здравјето на граѓаните

Во одговор на новинарско прашање за барањето на ВМРО-ДПМНЕ за лидерска средба како и за можноста за избори на крајот на јуни или почетокот на јули оваа година, генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски рече дека се уште е рано за избори и за лидерска средба кај претседателот Пендаровски.

Ние сме фокусирани на поддршка на институциите во борбата против коронавирусот. Мерките за справување со коронавирусот даваат резултат и тоа е добро, но, се додека не се воспостави целосна контрола над коронавирусот во рамки на здравствениот сектор се уште е рано да разговараме за избори и за лидерска средба, одговори генералниот секретар Николовски.

„Сметаме дека се уште е рано за избори и се уште е рано за лидерска средба кај претседателот Пендаровски. Во овој момент целосно сме посветени, целосно ги поддржуваме надлежните институции во борбата против оваа пандемија, против коронавирусот. Прво мора да се стави под контрола па потоа, кога општеството и државата ќе бидат подготвени да разговараме и за самите избори“ рече Николовски.

Николовски додаде дека за СДСМ на прво место се граѓаните и партијата така делува, и додаде дека по сите истражувања СДСМ е фаворит на изборите кога и да се случат.

„За нас првенствено се човечките животи, граѓаните и борбата да спасиме работни места преку навремени и целосни мерки и политики. СДСМ е фаворит на избори, тоа многу добро го знаат од опозицијата. Затоа ова е една од главните теми преку нивните мегафони и гласноговорници. Наместо да предлагаат мерки и политики, наместо да помогнат да се спречи коронавирусот за нив ова е главна тема, за нас главна тема се граѓаните, да спасиме што повеќе животи и работни места. СДСМ, според сите релевантни истражувања, со своето одговорно однесување е главен фаворит“ рече Николовски.

Генералниот секретар апелираше до граѓаните да не се олабавуваат, мерките и препораките мора да се почитуваат, сите заедно да допринесеме да се заштити здравјето на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Ако се фаќате за волан денес, внимателно прочитајте го овој текст: Прекини и пренасочувања на неколку места

ДЕСК

Полицијата го уапси возачот кој вчера изгази дете и избега

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Дали СДС на Бихаќка ќе слават Нова година по дубајско време како нивниот лидер Заев и Филипче дали и овој пат го резервираа навреме Харис да им пее?

ДЕСК