Centar.mk
СВЕТ

Во израелските воздушен напади во Либан загинаа најмалку 12 медицински работници

Во синоќешниот израелски воздушен напад врз здравствен центар во јужниот дел на Либан загинаа најмалку 12 медицински работници, меѓу кои има и лекари и медицински сестри, соопшти либанското Министерство за здравство.

Нападот се случи во градот Бурџ Калавија, каде е погоден регионалниот здравствен центар.

Во текот на ноќта израелската армија нападна и други цели во јужен Либан. Израелската армија соопшти дека погодила магацин за оружје на подрачјето Ал Маџадел.

Во меѓувреме, Иранската новинска агенција (ИРНА) објави дека Иран заедно со Хезболах денеска го извршуваат 48-иот бран напади врз Израел./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Американец почина од хантавирус: „Изворот на инфекцијата сè уште се истражува“

C +

Нов Зеланд отпушта 14 проценти од вработените во јавниот сектор поради штедење

C +

Иран објави што сака од САД: укинување на санкциите, крај на блокадата и компензација

C +